• За да можете да ги следите сите информации што се расположливи на порталот, потребно е да се регистрирате

  • За да се регистрирате, потребно е да се притисне на копчето Регистрација, што се наоѓа во горниот десен агол од секоја страна на порталот

  • Со притискање на копчето се отвора страница каде што треба да ги внесете следните податоци:

    • Име - се внесува податок за вашето име и презиме
    • Корисничко име - се внесува податок за вашето корисничко име; тука можете да внесете и ваша електронска адреса
    • Шифра - се внесува шифра за автентикација (password)
    • Е-пошта - се внесува податок за вашата електронска адреса
    • Јас сум – од паѓачката листа се избира една од вредностите (Продавач или Купувач. Доколку во процесот на аукција се јавувате во својство на Купувач на имот изберете ја вредноста Купувач. Доколку во процесот на аукција се јавувате во својство на Продавач на имот изберете ја вредноста Продавач.  

  • Со притискање на копчето ЗАЧЛЕНИ СЕ вие ги потврдувате претходно внесените податоци и системот ќе ви прати е-порака со линк за да го активирате вашиот профил. 

  • Го проверувате вашето електронско сандаче и притискате на линкот што сте го добиле во пораката.

  • Со тоа, регистрацијата е завршена.

  • Секој корисник на порталот може да ги разгледува објектите што се понудени за продажба по пат на електронска аукција.

  • Вие, како регистриран корисник, можете да креирате сопствена листа на објекти што се од ваш интерес и полесно да ги следите промените и дополнителните информации за избраните објекти.

  • Вие, како регистриран корисник, можете да добивате нотификации и информации за дополнително внесените објекти во системот.

  • Вие, како регистриран корисник, имате можност да учествувате во процесот на аукција за објектите што се од ваш интерес.

  • За да можете да учествувате во процесот на аукција и да поднесувате своја понуда потребно да уплатите депозит за сериозност во учество на аукцијата. 

    • Депозитот се однесува за секој објект одделно – ако сте уплатиле депозит за еден објект, имате право да лицитирате само за тој објект.
    • Со уплата на депозитот вие ја потврдувате својата сериозност и гарантирате дека доколку вашата понуда е најповолна, вие ќе го купите имотот по цената што сте ја понудиле.
    • По завршување на процесот на аукција депозитот се враќа за неуспешните понудувачи. Депозитот на успешниот понудувач се задржува сè до моментот на склучување на купопродажен договор. 
  • За да уплатите депозит за конкретен објект потребно е да притиснете на копчето РЕГИСТРИРАЈ СЕ. 

  • Порталот ве води на страницата каде што можете да извршите избор за начинот на плаќање. 

  • Порталот ви овозможува онлајн-уплата со кредитна/дебитна картичка или жирална уплата директно на нашата сметка.

  • Во случај на жирална уплата, потребно е да донесете потврда за уплата и ние мануелно ќе извршиме активирање на можноста за лицитирање со што вие ќе можете да пристапите на чекорот за Следење и учество во аукција.

  • Во случај на онлајн-уплата можноста за лицитирање се активира автоматски и вие ќе можете да пристапите на чекорот за Следење и учество во аукција.

-------------------Vnesi Tekst-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------

-------------------Vnesi Tekst kraj-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------