E-AUKCIJA.MK претставува аукциска куќа за продажба и купување на недвижен имот во Македонија по пат на електронско (онлајн) аукционирање.

Порталот E-AUKCIJA.MK е наменет за физички лица и компании што сакаат да купат имот за сопствени потреби, како и за инвеститори кои сакаат да инвестираат во недвижен имот. Процесот на купување се одвива по пат на електронска аукција, каде што секој заинтересиран купувач може да учествува и да даде своја понуда за имот што му е од интерес.

На порталот E-AUKCIJA.MK се поставени имоти што се во посед на институционални продавачи, како што се банки, лизинг компании, осигурителни компании, градежни компании и други правни и физички лица, како и имот што е предмет на постапка на извршување, а се спроведува од надлежни извршители. 

Порталот E-AUKCIJA.MK ви нуди можност да дојдете до вреден имот по пат на јавно наддавање. Порталот E-AUKCIJA.MK и нашиот тим ви ги нудат следните поволности:

  • Целосна и доверлива информација за имотот што е на понуда.

  • Закажување на отворени денови за посета и разгледување на вашиот имот. 

  • Постигнување цена што е во согласност со реалната вредност на имотот.

  • Правна помош во процесот на купопродажба. 

  • Купување имот без посредничка провизија.

Преку порталот E-AUKCIJA.MK ви се овозможува транспарентно, брзо и ефикасно купување на недвижен имот. Ние ви нудиме електронска платформа преку која се спроведува постапката на јавно наддавање (аукционирање). 

E-AUKCIJA.MK ви овозможува да најдете интересен имот, да дадете своја понуда и да купите имот онлајн.

ПРОНАЈДИ

 

ДАЈ ПОНУДА

 

КУПИ 

Преку напредните алатки за пребарување ви се овозможува лесно да го најдете имотот што ви е од интерес. Направете пребарување за имот што ве интересира. Зачувајте ги оние имоти што ви се интересни во секцијата „Вашите омилени или регистрирате за дополнителни нотификации.

 

Откако ќе го најдете вашиот омилен имот, регистрирајте се за учество на аукција, подгответе се за наддавање и дајте ја вашата понуда.

 

Доколку сте победникот во наддавањето, ќе бидете известени да ги доставите вашите документи за да се почне со купопродажниот процес.

  • Аукциите се одржуваат два пати месечно на интернет-порталот на e-aukcija.mk, и тоа секој први и 15-ти во месецот.

  • За да учествувате во наддавањето потребно е да се регистрирате на порталот. Во процесот на регистрација ќе ви биде побарано да гарантирате за сериозноста на вашата понуда. Вие треба да приложите број на банкарска картичка, а притоа средствата не се повлекуваат, туку само се резервираат до крајот на аукцијата.   

  • Во случај на склучување на купопродажен договор, вие НЕ ПЛАЌАТЕ посредничка провизија.

  • Нашиот тим ви овозможува посета и разгледување на имотот во термин што е истакнат на порталот. 

  • Купувачите сами се одговорни за сопствените финансиски средства и тоа треба да го регулираат пред регистрирање за аукција.

  • Прочитајте ги сите достапни документи за имотот пред аукцијата. E-aukcija.mk ги охрабрува сите купувачи да направат своја длабинска анализа за имотот што им е од интерес.

  • E-AUKCIJA.MK ви овозможува да извршите пребарување на недвижности од почетната страница на порталот.

  • Резултатите од пребарувањето можете дополнително да ги филтрирате по различни критериуми согласно вашиот интерес.

  • За секој имот што е даден на понуда можете да ги видите деталите што ви се од интерес: локација, клучни факти за имотот- катност, квадратура, план со распоред на простории, статусот и сопственоста на имотот, увид во пазарни цени на имоти продадени во околината на конкретниот имот и многу други податоци.

  • На порталот ќе најдете информации кога има отворени денови за посета и увид на имотот што е на продажба.

  • Јасно се истакнати податоци за почетна цена и време на аукција. 

Без разлика дали планирате да живеете на имотот, да го купите за препродавање или да го издавате, треба да имате предвид дека купувањето на недвижен имот е една од најскапите инвестиции што некогаш ќе ја направите. Оттаму, логично е да посветите време и да направите сопствена анализа за имотот што сакате да го купите.

  • Информирајте се околу сопственоста на посакуваниот имот.

  • Разгледајте ги околните имоти.

  • Истражете ги продажни активности за конкретниот имот.

  • Анализирајте ги ценовните трендови во областа.

  • Обрнете внимание на потенцијалниот раст на вредноста на имотот.

Посетете го порталот E-AUKCIJA.MK и дознајте повеќе за тековните понуди. За подетални информации нашиот тим ви стои на располагање.

Knowledge Center - E-aukcija.mk

Е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Веб: http://www.e-aukcija.mk 

Телефон: +389 78 30 15 40

Адреса: 11 Октомври 25 (7 кат), 1000 Скопје, Македонија